ЌЕРКАТА НА БРУС СПРИНГСТИН ОСВОИ ОЛИМПИСКО СРЕБРО ВО КОЊИЧКИ СПОРТОВИ

    ЌЕРКАТА НА БРУС СПРИНГСТИН ОСВОИ ОЛИМПИСКО СРЕБРО ВО КОЊИЧКИ СПОРТОВИЏесика Спрингстин е највисоко пласираната жена на светската ранг-листа (Фото: АФП)

    Џесика Спрингстин, ќерката на рок легендата Брус Спрингстин, му помогна на тимот на САД да го освои сребрениот медал во коњички спортови на Олимписките игри во Токио, откако имаше разочарувачки настап во прескок во поединечна конкуренција.

    Дваесет и деветгодишната Спрингстин изјави дека по натпреварот успеала за кратко да се слушне со семејството.

    „Сите врескаа, мислам дека ништо не се разбравме“, изјави таа.

    Џесика Спрингстин, која порасна на семејната фарма на коњи во Њу Џерси, е највисоко пласираната жена на светската ранг-листа, на 14. место. Ова беше нејзино деби на Олимписките игри, откако не успеа да влезе во тимот на САД за Рио.

    Таа не е единствената олимпијка во коњички спортови која потекнува од славно семејство. Принцезата Ен, ќерката на Елизабета Втора, ја претставуваше Британија на ОИ 1976, а нејзината ќерка Зара Тиндел настапи на ОИ 2012, каде што освои сребро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира