КИНЕСКИ РОБОТ ИСТРЧА 100 МЕТРИ ЗА ПОМАЛКУ ОД ДЕВЕТ СЕКУНДИ

    КИНЕСКИ РОБОТ ИСТРЧА 100 МЕТРИ ЗА ПОМАЛКУ ОД ДЕВЕТ СЕКУНДИПред неколку дена, истиот робот постави време од 9,39 секунди, 19 стотинки побрзо од човечкиот светски рекорд на Јусеин Болт (Фото: ГТ)

    Кинескиот хуманоиден робот Тијангонг Ултра истрча 100 метри за 8,86 секунди на Светските игри за хуманоидни роботи во Пекинг.

    Пред неколку дена на отворањето на Игрите, истиот робот постави време од 9,39 секунди, 19 стотинки побрзо од човечкиот светски рекорд, чиј сопственик е Јусеин Болт од 2009 година.

    Тијангонг Ултра, развиен од Центарот за иновации на хуманоидни роботи во Пекинг, го постигна новото време во конкуренција на роботи со големи димензии.

    Брзото подобрување на роботите е една од главните атракции на второто издание на настанот во Пекинг, каде што повеќе од 2.000 роботи од 666 тимови се натпреваруваат во 51 дисциплина, вклучувајќи фудбал, танцување и натпревари во индустриски задачи.

    Тијангонг победи на трката на 100 метри и на минатогодишните први игри, но со многу побавно време од 21,50 секунди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира