КИРЕ ЛАЗАРОВ НОВ СЕЛЕКТОР НА РАКОМЕТНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

    КИРЕ ЛАЗАРОВ НОВ СЕЛЕКТОР НА РАКОМЕТНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАЛазаров ќе потпише четиригодишен договор како селектор откако ќе ја добие мастер-коуч дипломата. (Фото: ЕХФ)

    Најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кире Лазаров е нов селектор на сениорската ракометна репрезентација, потврдија од Ракометната федерација на Македонија (РФМ). 

    Лазаров доаѓа на местото на Данило Брестовац, чиј договор беше спогодбено раскинат по крајот на Светското првенство во Египет минатиот месец.

    Претседателот на РФМ Живко Мукаетов на прес-конференција кажа дека Лазаров првин една година ќе биде тренер на репрезентацијата, додека да ја добие мастер-коуч дипломата, а потоа ќе потпише четиригодишен договор како селектор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира