Еден од најдобрите стрелци на европскиот првак Вардар, Даинис Криштопанс, го напушти Скопје среде сезоната и големата криза во клубот и ќе ја продолжи кариерата во бундеслигашот Фуксе Берлин. Германскиот клуб денеска го потврди трансферот на џиновскиот летонски бомбардер, кој таму ќе ја доигра сезоната, а потоа ќе игра за ПСЖ.
„Даинис Криштопанс веднаш ќе има право на настан за нашиот клуб“, објави Фуксе на својата Фејсбук страница.
Над два метра високиот Криштопанс, кој одигра две и пол сезони во црвено-црниот дрес, си замина една недела по тешкиот пораз на Вардар од Кил, што му беше прв меч од продолжението на Лигата на шампионите.
Германскиот репрезентативец Кристијан Дизингер деновиве отворено прозборе за тешката финансиска ситуација во Вардар.
„Многу е тешка ситуацијата во моментов. Нема пари. Голем број играчи немаат земено плата половина година“, кажа Дизингер.
Г. КОНЕВ