КУТИЊО ОДИ ВО БАРСЕЛОНА КАКО ТРЕТ НАЈСКАП ФУДБАЛЕР НА СИТЕ ВРЕМИЊА

    КУТИЊО ОДИ ВО БАРСЕЛОНА КАКО ТРЕТ НАЈСКАП ФУДБАЛЕР НА СИТЕ ВРЕМИЊАЛиверпул и Барселона на крајот се договориле за 160 милиони евра. - Филипе Кутињо (Фото: ФК Барселона)

    Најголемата трансфер сага во светскиот фудбал во последните неколку месеци конечно заврши, откако Ливерпул потврди дека Филипе Кутињо ќе се пресели во Барселона.

    Двете страни постигнаа договор за трансферот тежок 160 милиони евра, со што бразилскиот играч за врска ќе стане третиот најскап фудбалер на сите времиња, зад својот сонародник Нејмар (222 милиони) и младиот Французин Килијан Мбапе (180).

    Над 100 милиони евра беше платено уште за Усмане Дембеле и за Пол Погба, кои вредеа по 105 милиони.

    „Ливерпул може да потврди дека Филипе Кутињо ќе го напушти клубот откако беше постигнат договор со Барселона. Останува да ги помине лекарските прегледи и да ги договори личните услови“, соопшти англискиот клуб.

    Тренерот Јирген Клоп кажа дека Кутињо уште од јуни инсистирал на овој трансфер.

    „Не е тајна дека тој сакаше да си оди уште во јуни. Тој инсистираше кај сите во клубот овој трансфер да се реализира. Тој имаше фантастичен придонес во клубот во последните пет години и колку и да сме разочарани, му посакуваме сѐ најдобро“, изјави Клоп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира