ЛУКА МОДРИЌ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР ЕВРОПСКИ ФУДБАЛЕР

    ЛУКА МОДРИЌ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР ЕВРОПСКИ ФУДБАЛЕРЛука Модриќ пред еден месец ја освои и Златната топка на Мундијалот во Русија

    Лука Модриќ го прекина монополот на Кристијано Роналдо и Лео Меси, откако УЕФА го прогласи за Европски фудбалер на годината.

    Извонредната сезона на плејмејкерот на Реал Мадрид беше призната за време на ждрепката на групите од Лигата на шампионите во Монако, кога претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, му го врачи престижното признание. Ова уследи само еден месец откако тој ја освои Златната топка на Светското првенство во Русија, каде што ја предводеше Хрватска до сензационалното второ место.

    Модриќ освои 313 поени во гласањето во кое учествуваа медиуми и тренери, дури 90 повеќе од својот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, кој го освојуваше ова признание трипати во последните четири години.

    На третото место заврши извонредниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах, со 134 поени.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира