Македонската фудбалска репрезентација се прости од шансите за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико откако изгуби од Данска со 4:0 во полуфиналето на плеј-офот.
Откако првото полувреме заврши без голови, Македонија доживеа потоп по само 15 минути игра во продолжението, примајќи три погодоци во рок од десет минути.
Резултатот го отвори Дамсгард во 49. минута откако Стојчевски не расчисти доволно добро при една одбранбена интервенција. Исаксен го удвои водството во 58. минута, а веќе во следната минута истиот играч зголеми на 3:0, користејќи ја одбиената топка по првичната одбрана на Димитриевски.
Четвриот гол од 75. минута му е припишан на Нергард, иако Димитриевски беше совладан директно од корнер, изведен од ветеранот Ериксен.
Македонија одигра слабо, без шанси и не беше достоен противник на домашната селекција.



