Македонија ја победи Гвинеја со 29:20 во Вараждин, во последното коло од првата фаза на Светското првенство во ракомет, и обезбеди пласман во втората фаза.
На денешниот меч, неизвесно беше во првата половина од првото полувреме, по што избраниците на Кире Лазаров ја презедоа контролата и потоа во ниту еден момент не беше доведена во прашање победата.
Капитенот Филип Кузмановски беше најдобар стрелец со 12 гола. Ова беше прва победа на Македонија на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка, по ремито со Унгарија и поразот од Холандија.
Во следната фаза, прв противник на Македонија е Австрија, веќе во вторник. Катар и Франција се останатите противници.