Македонското знаме за првпат се појави на отворањето на зимски параолимписки игри благодарение на Зоран Јовановски, кој испиша историја, станувајќи првиот македонски спортист на ова големо натпреварување.
Јовановски, кој е по потекло од Василево, ќе се натпреварува во параскијање.
Зимската параолимпијада во Милано и Кортина е 14. по ред, а церемонијата на отворањето се одржа синоќа во античката арена во Верона. На Игрите кои траат до 15 март ќе учествуваат 55 држави, чии репрезентативци ќе се натпреваруваат во 79 дисциплини во шест спортови. Покрај Македонија, дебитанти се и Ел Салвадор, Хаити, Црна Гора и Португалија.




