МАКЕДОНИЈА ПРИМИ СЕДУМ ГОЛА ОД АНГЛИЈА И ГО ЗАБЕЛЕЖА НАЈТЕШКИОТ ПОРАЗ ДОСЕГА

    МАКЕДОНИЈА ПРИМИ СЕДУМ ГОЛА ОД АНГЛИЈА И ГО ЗАБЕЛЕЖА НАЈТЕШКИОТ ПОРАЗ ДОСЕГАБукајо Сака постигна хет-трик за само 13 минути (Фото: ПА)

    Македонската фудбалска репрезентација го забележа вториот пораз во квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија и свој најтежок во историјата, откако загуби од Англија со 7:0 на „Олд Трафорд“ во Манчестер.

    Напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака, постигна хет-трик за само 13 минути, двоен стрелец беше Хари Кејн, а Рашфорд и Филипс по еднаш го совладаа Димитриевски.

    Три дена по поразот од Украина во Скопје, Македонија беше целосно инфериорна на натпреварот во Манчестер и ниеднаш не се закани по голот на домаќините.

    До овој меч, најголемиот пораз на Македонија беше 1:6 од Чешка во 2005 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира