МАКЕДОНИЈА ПРВПАТ ЌЕ ИГРА НА ЕВРОПСКО ЗА ФУДБАЛЕРИ ДО 21 ГОДИНА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МАКЕДОНИЈА ПРВПАТ ЌЕ ИГРА НА ЕВРОПСКО ЗА ФУДБАЛЕРИ ДО 21 ГОДИНА

    Македонската репрезентација првпат ќе игра на Европско првенство за фудбалери до 21 година, откако го освои првото место во третата квалификациска група по вечерашната победа од 2:0 над Шкотска во Скопје и се пласираше директно на завршниот турнир во Полска следната година.

    На „Филип Втори“, Марковски (18’) и Барди (22’) беа стрелци за Македонија, а победата можеше да биде и поубедлива, но Бабунски не реализираше пенал во финишот од првото полувреме.

    Голема услуга на тимот на Милевски му направи украинската репрезентација, која победи со 4:2 на гостувањето против Исланд. Пред денешните натпревари од последното коло во квалификациите, Исланд беше првопласиран во групата и со победа против Украинците ќе се пласираше на завршницата во Полска без разлика на резултатот во Скопје.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира