МАКЕДОНИЈА ТЕШКО ПОРАЗЕНА ОД ВЕЛС, ЗА СП 2026 ЌЕ СЕ БОРИ ПРЕКУ ЛИГАТА НА НАЦИИ

    МАКЕДОНИЈА ТЕШКО ПОРАЗЕНА ОД ВЕЛС, ЗА СП 2026 ЌЕ СЕ БОРИ ПРЕКУ ЛИГАТА НА НАЦИИПоразот од Велс беше прв за Македонија во овие квалификации (Фото: Шатерсток)

    Македонската фудбалска репрезентација не се пласираше во баражот за Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико откако изгуби од Велс со катастрофални 7:1 во последното коло од квалификациите. Со само еден пораз во групата J, Македонија заврши на третото место, со три бода помалку од Велс, додека Белгија обезбеди директно учество на Мундијалот.

    Македонија и натаму има шанси за пласман на СП, но по потежок пат, преку плеј-офот на Лигата на нации, каде што можни противници ѝ се селекции како Италија, Турција, Украина и Австрија.

    На стадионот во Кардиф, Македонија губеше со 2:0 по само 20-ина минути, но си ги поврати надежите со голот на Миовски во 23. минута. Домаќинот ја круниса подобрата игра со убавиот гол на Џонсон во 37. минута и потоа ја доврши работата во второто полувреме со головите на Џејмс, Вилсон (два) и Броудхед.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира