Македонија го освои третото место во екипна конкуренција на Светското првенство во параглајдерство, чиј домаќин во изминатите две недели беше француското гратче Шаму-сур-Желон во северниот дел на Алпите.
Настапувајќи во состав Дарко Станковски, Мартин Јованоски, Александар Гачевски и Ѓорѓи Ристовски, македонскиот тим по деветте одржани трки освои 14.879 поени, избивајќи пред Чешка на последниот ден од натпреварувањето.
Златниот медал му припадна на домаќинот Франција со 16.100 поени, а на второто место заврши Велика Британија со 15.517.
На 18. Светско првенство учествуваа 57 држави.