Македонските атлетичари освоија златен и сребрен медал во скок во далечина од место на Специјалната олимпијада во Берлин.
Агрон Хајредини триумфираше во оваа дисциплина и освои златен медал откако оствари далечина од 1,6 метри. Тоа беше убедливо најдобриот резултат на натпреварувањето, имајќи предвид дека второпласираниот Кениец Вилис Отиено скокна до 1,25 метри.
Тетовскиот атлетичар го очекува и настап на трката на 50 метри.
Јулијана Петровска беше втора во женска конкуренција. Таа дојде до среброто со резултат од 0,64 метри, додека шампионката Фарзанех Џамшиднеџад од Иран имаше подобар резултат за само 0,01 метар.