МАРАДОНА ПОБАРА ЗАТВОР ЗА ЌЕРКА МУ ЗАШТО МУ УКРАЛА 3,4 МИЛИОНИ ФУНТИ

    МАРАДОНА ПОБАРА ЗАТВОР ЗА ЌЕРКА МУ ЗАШТО МУ УКРАЛА 3,4 МИЛИОНИ ФУНТИПарите ги префрлиле на сметка во Уругвај и купиле имот во САД. - Диего Марадона со ќерките Џанина и Далма (Фото: Гети)

    Диего Армандо Марадона ги обвини своите ќерки дека го ограбиле за 3,4 милиони фунти и повика една од нив да биде затворена, додавајќи дека и неговата сопруга учествувала во наводниот грабеж.

    Аргентинската фудбалска легенда затоа покренала тужба против бившата сопруга Клаудија Виљафане, но и против ќерките Далма и Џанина.

    Украдените пари, наводно, биле префрлени на банкарска сметка во Уругвај, а дел од нив биле искористени за да се купи имот во САД.

    „Џанина беше во Уругвај на неколку часа во август. Му реков на Диего дека таа има сметка во оваа земја и дека таму префрлила дел од парите. Ако ова се потврди, тогаш постои основа таа да биде притворена“, изјави адвокатот на Марадона.

    Џанина му одговори на својот татко преку Твитер.

    „Тие знаат каде живеам и можат да дојдат кога сакаат. Мојата совест е мирна, на Диего му го имам простено најлошото досега и тоа ќе го направам и сега“, изјави Џанина.

    Клаудија Виљафане беше во брак со Марадона од 1998 до 2003 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира