Мароко ќе игра во четвртфиналето на Светското првенство за првпат во својата историја откако на пенали го елиминираше еден од фаворитите Шпанија. Северноафриканската селекција беше рамноправен противник против светскиот првак од 2010 и имаше свои шанси во 120 минути игра, но бидејќи немаше голови, победникот го решаваа пенали.
Апсолутен херој на Мароко беше голманот на шпанска Севилја, Јасин Боно, кој одбрани два удара, додека обидот на првиот изведувач Сарабија заврши во дирекот. Ашраф Хакими, кој е роден во Мадрид, го изведе клучниот пенал, за победа на Мароко од 3:0.
Мароко без пораз стигна до четвртфиналето, откако во групната фаза одигра без голови со Хрватска и ги совлада Канада и Белгија.
Мароко го игра својот шести мундијал и претходно ја помина групата само уште во 1986.