МАРОКО СТАНА ПРВИОТ АФРИКАНСКИ ТИМ ВО ПОЛУФИНАЛЕ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ПО ИСТОРИСКАТА ПОБЕДА НАД ПОРТУГАЛИЈА

    МАРОКО СТАНА ПРВИОТ АФРИКАНСКИ ТИМ ВО ПОЛУФИНАЛЕ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ПО ИСТОРИСКАТА ПОБЕДА НАД ПОРТУГАЛИЈАСтрелецот на победоносниот гол за Мароко Јусеф Ен Несири. (Фото: ФИФА)

    Мароко ја победи Португалија со 1:0 во првото денешно четврт-финале на Светското првенство во Катар и стана првиот африкански тим што успеал да се квалификува во полуфинале.

    Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Јусеф Ен Несири во 42. минута. Португалскиот капитен Кристијано Роналдо го почна натпреварот од клупата за резерви и влезе во игра во второто полувреме, но не успеа да му помогне на тимот да израмни.

    Подоцна вечерва играат Англија и Франција за последното место во полуфиналето. Претходно, во полуфиналето се пласираа Аргентина и Хрватска, кои ќе играат меѓу себе на 13 декември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира