МАСАР ОМЕРАГИЌ ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

    МАСАР ОМЕРАГИЌ ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈАОмерагиќ беше единствениот кандидат на вонредното собрание на ФФМ (Фото: ФФМ)

    Масар Омерагиќ е избран за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешното вонредно собрание, на кое беше и единствен кандидат за функцијата. Тој доаѓа на местото на Муамед Сејдини, кој поднесе оставка откако ја извршуваше функцијата во изминатите седум години.

    Педесет и петгодишниот Омерагиќ беше избран едногласно.

    Трпение, упорност и многу жртвувања! И јас сум човек од фудбалот. Знам како треба и знам во која насока треба да го развиваме фудбалот во Македонија. Фудбалот е тимска работа. Како и на теренот, треба многу трчање, многу работа и многу пот за да се стигне до победата. Таков е фудбалот, во кој се паметат само победите и успесите, а таква е и претседателската работа во Федерацијата“, кажа Омерагиќ и најави искоренување на корупцијата од македонскиот фудбал.

    Немам волшебно стапче, но имам визија, трпение и добар тим околу себе. Веќе од утре почнуваме со напорна и тешка работа“, додаде тој.

    Омерагиќ е цел живот во фудбалот како играч, менаџер или функционер во ФФМ.

    На негов предлог, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите национални селекции, а генерален секретар на ФФМ ќе биде Дритон Ганиу.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира