МЕЃУНАРОДНАТА БОКСЕРСКА АСОЦИЈАЦИЈА ТВРДИ ДЕКА СО ПРАВО ГИ ДИСКВАЛИФИКУВАЛА БОКСЕРКИТЕ ХЕЛИФ И ЈУН, ИМАЛЕ НИВО НА ТЕСТОСТЕРОН КАКО МАЖИ

    МЕЃУНАРОДНАТА БОКСЕРСКА АСОЦИЈАЦИЈА ТВРДИ ДЕКА СО ПРАВО ГИ ДИСКВАЛИФИКУВАЛА БОКСЕРКИТЕ ХЕЛИФ И ЈУН, ИМАЛЕ НИВО НА ТЕСТОСТЕРОН КАКО МАЖИЛин Ју-тинг и Имане Хелиф имаат загарантиран бронзен медал на ОИ (Фото: Гети)

    Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) одржа прес-конференција во Париз откако контроверзите околу настапот на две боксерки ги засенија боксерските натпревари на Олимписките игри во Париз.

    Алжирката Имане Хелиф и Тајванката Лин Ју-тинг имаат загарантиран бронзен медал откако се пласираа во полуфиналето на своите категории. Тие добија дозвола да настапат на ОИ, иако лани беа дисквалификувани од Светското првенство во Њу Делхи организирано од ИБА, која тврдеше дека тие паднале на тестовите за родова подобност. ИБА, која е предводена од Русија, во 2019 го изгуби статусот на тело кое управува со аматерскиот бокс.

    Извршниот шеф на ИБА, Крис Робертс, изјави дека Хелиф и Лин прво биле тестирани на СП 2022 во Истанбул, но ништо не било преземено зашто резултатите биле неодредени. Тие биле дисквалификувани на следното СП откако тестирањата покажале дека тие се неподобни според правилата на ИБА.

    Резултатите од тестовите на хромозомите покажаа дека двете боксерски се неподобни“, изјави Робертс.

    За разлика од него, претседателот на ИБА, Умар Кремлев, кажа дека тестовите требало да го утврдат нивото на тестостерон кај двете боксерки.

    Тие имаа многу високи нивоа на тестостерон, како мажи“, рече Кремлев.

    ИБА ги испратила тестовите во две акредитирани лаборатории на Светската антидопинг агенција, но оттаму кажаа дека родовите тестирања не се во нивна надлежност, туку само прашањата поврзани со допинг.

    Агресијата насочена кон Хелиф и Лин е целосно заснована врз оваа произволна одлука, која беше донесена без соодветна процедура. Овие спортистки шест години учествуваа на сениорски натпреварувања без никакви проблеми. Овие жени ги исполнуваа условите за настап на ОИ и остануваат подобни“, кажа Меѓународниот олимписки комитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира