МЕСИ ЌЕ ЈА ПРОДОЛЖИ КАРИЕРАТА ВО ИНТЕР МАЈАМИ

    МЕСИ ЌЕ ЈА ПРОДОЛЖИ КАРИЕРАТА ВО ИНТЕР МАЈАМИМеси првпат ќе игра надвор од Европа (Фото: АП)

    Лео Меси ќе одбие богата понуда од Саудиска Арабија и ќе ја продолжи кариерата во американскиот тим Интер Мајами. Овој договор вклучува соработки со брендови како „Адидас“ и „Епл“.

    Триесет и петгодишниот светски првак првпат ќе игра надвор од Европа, откако досегашниот дел од кариерата го помина во Барселона и ПСЖ. Тој сакал да остане во Европа уште една година, но не добил задоволителни понуди, па втората опција му беше саудискиот клуб Ал-Хилал, кој се сметаше за фаворит.

    Меси веќе поседува куќа во Мајами, која моментално ја изнајмува.

    Тој бил заинтересиран за враќање во Барселона, но клубот не можеше да си го дозволи зашто следната година ќе биде ограничен од финансискиот фер-плеј.

    ПСЖ стана првак на Франција во двете сезони со Меси, но сепак не успеа да ја освои Лигата на шампионите, поради што неговиот престој во Париз беше оценет како неуспешен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира