МИЛАНО И КОРТИНА ЈА ДОБИЈА ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА ВО 2026

    МИЛАНО И КОРТИНА ЈА ДОБИЈА ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА ВО 2026Единствен конкурент на италијанската кандидатура беше Стокхолм (Фото: ЕПА)

    Милано и Кортина д‘Ампецо се избрани за домаќини на Зимските олимписки игри во 2026 година. Меѓународниот олимписки комитет ѝ даде предност на италијанската кандидатура во однос на Стокхолм, откако претходно поради големи трошоци сами се откажаа Сион, Сапоро, Грац и Калгари.

    Лизгачките спортови и хокеј ќе се одржуваат во Милано, додека Кортина ќе ги организира трките во алпско скијање. Натпревари ќе има и во други зимски центри во италијанските Алпи, како Бормио и Ливињо.

    Кортина ја организираше Зимската олимпијада во 1956 година, додека Италија за последен пат беше домаќин во Торино во 2006.

    Од друга страна, Шведска никогаш досега не била домаќин на ЗОИ, а нејзината кандидатура предвидуваше натпревари и во Летонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира