МИРКУЛОВСКИ ГО ОТКАЖА НАСТАПОТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО, РАУЛ ГО ПОДМЛАДУВА ТИМОТ

    МИРКУЛОВСКИ ГО ОТКАЖА НАСТАПОТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО, РАУЛ ГО ПОДМЛАДУВА ТИМОТСелекторот Раул вклучи неколкумина 20-годишници во тимот на кој ќе смета на Мундијалот во Данска и Германија (Фото: РФМ)

    Долго најавуваното подмладување на машката ракометна репрезентација, конечно, би можело да се оствари на претстојното Светско првенство во Данска и Германија, што се игра во јануари, откако селекторот Раул Гонсалес вклучи неколкумина млади играчи во најдобриот тим.

    Ова уследи само ден откако еден од најискусните репрезентативци Филип Миркуловски го откажа настапот на Мундијалот, сметајќи дека поради честите повреди нема да биде на потребното ниво.

    Шпанецот на клупата на Македонија ги избра 22-цата ракометари кои в понеделник ќе треба да се јават на подготовките и меѓу нив се и неколкумина 20-годишници, од кои повеќето доаѓаат од редовите на Металург (Лазаревски, Јагуриновски, Димитриоски, Танкоски, Серафимов).

    Репрезентацијата уште еднаш ќе ја предводи Кире Лазаров, кој на ова првенство ќе одбележи 20 години од своето деби на големите натпреварувања, што се случи на Светското првенство во Египет.

    На првенството што почнува на 10 јануари, Македонија ќе игра во група со Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и со Јапонија.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира