МОДРИЌ ЗАВРШИ СО СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА, НО ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ИГРА ЗА ХРВАТСКА

    МОДРИЌ ЗАВРШИ СО СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА, НО ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ИГРА ЗА ХРВАТСКАМодриќ има два медала од четири одиграни светски првенства (Фото: АП)

    На 37 години, Лука Модриќ го освои вториот мундијалски медал, но за разлика од Кристијано Роналдо и Лео Меси, тој засега не ја доведува во прашање својата иднина во репрезентацијата. По мечот за третото место во Катар, Модриќ ја отфрли можноста за моментално повлекување од националниот тим на Хрватска.

    Ова можеби беше мојот последен меч на светските првенства, но сакам да играм и во завршницата на Лигата на нации, па потоа ќе видиме што ќе се случи“, кажа Модриќ.

    Тој ја предводеше Хрватска до финалето на претходното СП во Русија, по што беше прогласен за најдобар светски фудбалер, а сега вели дека е еднакво среќен и со бронзата.

    Мојот сон беше да го освојам светското првенство, но иако тоа не се случи, многу сум среќен со мојата кариера во хрватската репрезентација. Два медала од светските првенства е нешто големо и важно. Мислам дека ја ставивме Хрватска на мапата на големи екипи. Сакавме да играме уште едно финале, но дома сепак си одиме како победници“, изјави Модриќ.

    Тој дебитираше за Хрватска во март 2006 и оттогаш собра 162 настапи и 23 гола. Катар му беше четврти мундијал, а има и исто толку учества на европските првенства.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира