МОРА ДА ИГРАМ БАРЕМ ЧЕТВРТФИНАЛЕ ЗА ДА ПОКРИВАМ ТРОШОЦИ, ВЕЛИ ФЕДЕРЕР

    МОРА ДА ИГРАМ БАРЕМ ЧЕТВРТФИНАЛЕ ЗА ДА ПОКРИВАМ ТРОШОЦИ, ВЕЛИ ФЕДЕРЕРНа турнирите секогаш патува со многуброен тим, кој исто така треба да се плати. - Роже Федерер (Фото: Гети)

    Роже Федерер вели дека не му се исплаќа да игра некои турнири, бидејќи често патува со семејството и со својот многуброен тим.

    Швајцарскиот тенисер ништо не препушта на случајот, па на турнирите е опкружен со голем тим, кој, како што вели, исто така треба да се плати.

    „Тимот ми е многу важен. Секогаш сум чувствувал дека сум добар онолку колку што се добри членовите на мојот тим. Мојот тим е огромен и тоа понекогаш ми прави притисок, бидејќи мора да стигнам барем до четвртфиналето, за да можам да ги покријам сите трошоци“, изјави Федерер, кој само од турнирите има заработено над 115 милиони долари.

    Веќе татко на четири деца, Федерер вели дека нема дополнително да го проширува семејството додека сѐ уште игра.

    „Не знам кога мојата кариера ќе заврши. Моментално, сите сме среќни и опуштени. Децата ми се голема мотивација и секогаш се возбудени кога ќе донесам дома нов трофеј. Сакам да одиграм уште некоја сезона за да можат и моите синови да се сеќаваат“, вели 36-годишниот Федерер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира