НАДАЛ, 14-КРАТНИОТ ШАМПИОН НА РОЛАН ГАРОС, ИЗГУБИ ОД ЗВЕРЕВ ВО ПРВОТО КОЛО

    НАДАЛ, 14-КРАТНИОТ ШАМПИОН НА РОЛАН ГАРОС, ИЗГУБИ ОД ЗВЕРЕВ ВО ПРВОТО КОЛОАко е последен пат, уживав, рече Надал кој најави дека 2024 ќе му биде последна сезона пред пензионирањето. (Фото: АП)

    Рафаел Надал загуби во првото коло на Отвореното првенство на Франција, турнирот Ролан Гарос, од Александар Зверев со 6:3, 7:6 (5), 6:3, што може да се покаже како последен меч на 14-кратниот шампион на Ролан Гарос на неговиот омилен турнир.

    Надал посочи дека 2024 најверојатно ќе биде неговата последна сезона пред пензионирањето, но тој во саботата рече дека не е 100% сигурен оти нема да игра повторно на Отвореното првенство на Франција. Го повтори тоа по денешниот пораз, кој е само четврти во 116 натпревари во кариерата на тоа место.

    Кога заврши, на антиклимактичен начин, при што 22-кратниот грен слем шампион Надал беше едноставно неспособен да игра на своето вообичаено ниво по година и пол повреди на колкот и абдоменот, тој се заблагодари на бурната публика на теренот „Филип Шатрие“ за „неверојатното количество енергија“ во текот на 3 часа и 5 минути игра.

    „Тешко ми е да зборувам. Не знам дали ова ќе биде последен пат да сум овде. Не сум 100% сигурен. Ако е последен пат, уживав“, рече Надал, чиј едоиполгодишен син, Рафаел Јуниор, седеше во скутот на мајка си на трибините.

    Ова е првпат во неговата долга и славна кариера Надал да биде победен во два последователни натпревари на земјени терени и првпат да загуби меч порано од четвртото коло на Отвореното првенство на Франција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира