Рафаел Надал го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Рим со 6:0, 4:6, 6:1. Со деветтата титула во Рим, светскиот рекет број 2 сега има рекордни 34 мастерс титули, една повеќе до српскиот тенисер.
За 32-годишниот Надал, ова е прва титула сезонава. За Ѓоковиќ, кој сѐ уште води со 28:26 во меѓусебните дуели со Шпанецот, ова беше првпат да го изгуби првиот сет без освоен гем уште од четврт-финалето на Ролан Гарос во 2017 година.
Надал дозволи само два брејка на турнирот во Рим, освојувајќи 41 од 43-те гема на свој сервис и спаси 13 од 15-те брејк поени со кои се соочи.