НАЈБАРАНИОТ ТРЕНЕР ВО ЕВРОПА ЧАБИ АЛОНСО ПЛАНИРА ДА ГИ ОДБИЕ БАЕРН И ЛИВЕРПУЛ И ДА ОСТАНЕ ВО БАЕР

    НАЈБАРАНИОТ ТРЕНЕР ВО ЕВРОПА ЧАБИ АЛОНСО ПЛАНИРА ДА ГИ ОДБИЕ БАЕРН И ЛИВЕРПУЛ И ДА ОСТАНЕ ВО БАЕРАлонсо е на прагот да му ја донесе на Баер првата титула во Бундеслигата (Фото: ЕПА)

    Чаби Алонсо, најбараниот тренер во Европа, планира да остане на клупата на Баер Леверкузен и следната сезона, што го очекуваат и двата клуба кои најмногу го посакуваат, Ливерпул и Баерн. Баер е на прагот на првата титула во Бундеслигата и е непоразен во сите натпреварувања оваа сезона.

    Ливерпул е подготвен да се откаже од плановите за ангажирање на Алонсо, кој играше за клубот од 2004 до 2009 и да се сврти кон други опции, како Рубен Аморим од Спортинг Лисабон и Роберто де Церби од Брајтон.

    И Баерн е во потрага по нов тренер, но неговиот почесен претседател Ули Хенес призна дека доведувањето на Алонсо ова лето е веројатно невозможно.

    Алонсо е повеќе склон да остане во Баер со оглед на нивните сегашни успеси и не би сакал да ги остави зад себе“, изјави Хенес.

    Легендарниот шпански фудбалер ја почна тренерската кариера во младите селекции на Реал Мадрид и Реал Сосиедад, а првата голема шанса му ја даде Баер во октомври 2022, во моментите кога клубот беше претпоследен на табелата. Таа сезона Баер ја заврши на шестото место, а сега има десет бода повеќе од Баерн и уште може да ги освои германскиот куп и Лига Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира