НАЈДОБРИОТ СВЕТСКИ ТЕНИСЕР ЈАНИК СИНЕР ДОБИ ТРИМЕСЕЧНА СУСПЕНЗИЈА ПОРАДИ ДОПИНГ

    НАЈДОБРИОТ СВЕТСКИ ТЕНИСЕР ЈАНИК СИНЕР ДОБИ ТРИМЕСЕЧНА СУСПЕНЗИЈА ПОРАДИ ДОПИНГСинер ќе може да игра на Ролан Гарос во мај (Фото: Гети)

    Светскиот рекет број еден Јаник Синер прифати моментална тримесечна суспензија откако постигна спогодба со Светската антидопинг агенција (ВАДА) за двата позитивни допинг-теста од минатата година. Неговата суспензија ќе трае од 9 февруари до 4 мај, со што ќе може да игра на Ролан Гарос, кој почнува на 19 мај.

    ВАДА, која се жалеше во Спортскиот арбитражен суд на одлуката за ослободување на Синер, соопшти дека го прифатила неговото објаснување дека ненамерно бил контаминиран со забранетата супстанца клостебол од неговиот физиотерапевт.

    Прифаќаме дека Синер немал намера да мами, дека немал никакви резултатски придобивки од супстанцата и дека ова се случило без негово знаење и поради небрежност на членови на неговиот тим. Меѓутоа, спортистот сноси одговорност за небрежноста на својот тим. Врз основа на единствениот збир на факти во овој случај, тримесечна суспензија се смета за соодветна“, соопшти ВАДА.

    На Синер му беше дозволено да игра на ланското Отворено првенство на САД и потоа ја освои титулата, иако шест дена пред ждрепката се откри дека уште во март имал два позитивни теста за анаболичкиот стероид клостебол, кој помага да се гради мускулната маса. Тој бил ослободен од вината откако Меѓународната агенција за интегритет во тенисот му го прифатила тврдењето дека ненамерно бил контаминиран од неговиот физиотерапевт Џакомо Налди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира