НАЦИОНАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ВРВНИ ДОСТИГНУВАЊА ДОДЕЛЕНО НА 22 СПОРТИСТИ И СПОРТИСТКИ

    НАЦИОНАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ВРВНИ ДОСТИГНУВАЊА ДОДЕЛЕНО НА 22 СПОРТИСТИ И СПОРТИСТКИМеѓу наградените најмногу има ракометари (Фото: К. Попов)

    Дваесет и двајца спортисти и спортистки денеска го примија Националното признание за врвни достигнувања во екипни спортови, за што премиерот Христијан Мицкоски кажа дека претставува исправање на неправда.

    Дел од наградените на свеченоста во Владата (Фото: К. Попов)

    Признанието им беше доделено на македонските спортисти кои станаа европски прваци со своите клубови и меѓу нив најмногу има ракометари. Со него се стекнаа Горан Пандев, Дарко Панчев, Илија Најдоски (фудбал), Петар Наумоски, Перо Антиќ (кошарка), Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Владо Недановски, Петар Ангелов, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Мартин Поповски, Валентина Радуловиќ, Елена Ѓорѓиевска, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска-Муратовска и Клара Боева (ракомет).

    „Овие 22 признанија се само почеток. Почеток на една нова политика, нов систем на вредности, во кој спортот не е само натпревар, туку образец. Денеска сме овде да ја исправиме државата пред оние кои одамна ја заслужиле оваа чест. Истовремено, ова признание не е само награда за минатото, туку и порака за иднината“, кажа Мицкоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира