Четириесетгодишен навивач го спаси натпреварот од белгискиот фудбалски куп помеѓу Мехелен и Гент, откако се симна од трибините за да биде судија.
Лик Босман се најде во неочекувана улога, откако дури двајца судии се повредија за време на средбата.
Прво се повредил еден од линиските судии, за кого имаше предвидено замена, но по кратко време се повредил и главниот судија Кристоф Диерик, што ги ставило официјалните лица на средбата во непријатна ситуација. Спикерот на стадионот затоа им се обратил на гледачите, барајќи некого што има искуство како фудбалски судија.
Се пријавил Лук Босман, кој застанал како линиски судија, додека резервниот четврти судија станал главен.
„Ова беше вториот најубав момент во мојот живот. Имав можност да го гледам натпреварот од најдоброто можно место на стадионот“, изјави Босман, кој е навивач на Мехелен.
Тој се откажал од судиската кариера пред пет години по низа инциденти на еден регионален натпревар.