НЕ ЗАСЛУЖИВМЕ ДА ЗАГУБИМЕ СО 4:0, ВЕЛИ СЕЛЕКТОРОТ АНГЕЛОВСКИ ПО ПОРАЗОТ ОД ШПАНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Гранада,(Марка)

    НЕ ЗАСЛУЖИВМЕ ДА ЗАГУБИМЕ СО 4:0, ВЕЛИ СЕЛЕКТОРОТ АНГЕЛОВСКИ ПО ПОРАЗОТ ОД ШПАНИЈА

    Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски смета дека поразот од 4:0 е превисок во однос на она што се случуваше на теренот во Гранада на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во Русија против домаќинот Шпанија.

    „Ѝ честитам на Шпанија, бидејќи ја заслужи победата, но мислам дека резултатот е висок. По 1:0, требаше да да ја искористиме шансата на Алиоски, но жалам што не успеавме да направиме нешто повеќе. Имавме добар настап, но тешко е да се игра против Шпанија“, изјави Ангеловски на прес-конференцијата по натпреварот.

    Шпанија поведе со автоголот на Дарко Велкоски во 34. минута, а во второто полувреме, стрелци беа Витоло, Начо Монреал и Хосе Калјехон.

    По четири меча, Македонија е петтопласирана во групата Г без бодови, исто како и последнопласираниот Лихтенштајн, кој има послаба гол-разлика. Во следното коло, Македонија му гостува на Лихтенштајн на 24 март следната година.

    Шпанија и Италија се лидери во групата со по десет бода, пред Израел со 9 и Албанија со 6.

    Г. МИХАЈЛОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира