Нејмар го надмина Пеле како најдобар стрелец на бразилската фудбалска репрезентација со двата гола во победата од 5:1 против Боливија ноќеска.
31-годишниот напаѓач, кој влезе во квалификацискиот натпревар за Светското првенство израмнет со Пеле на 77 гола, промаши пенал, пред да ги постигне двата гола во второто полувреме од неговиот 125. настап за Бразил.
„Никогаш не замислувам дека ќе го достигнам овој рекорд. Не сум подобар од Пеле или од кој било друг играч на националниот тим“, кажа Нејмар.
Пеле, кој почина во декември на 82 години, постигна 77 гола на 92 натпревари помеѓу 1957 и 1972 година. Тој се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Нејмар стана најскапиот фудбалер на светот кога му се приклучи на ПСЖ од Барселона за 220 милиони евра во 2017 година. Летово си замина од францускиот тим за да му се приклучи на саудискиот тим Ал-Хилал.