МЕ НЕРВИРА ШТО СЕ ПЛАШИМЕ ДА ИГРАМЕ ФУДБАЛ, КАЖА СЕЛЕКТОРОТ АНГЕЛОВСКИ ПО ПОРАЗОТ ОД ШПАНИЈА

    МЕ НЕРВИРА ШТО СЕ ПЛАШИМЕ ДА ИГРАМЕ ФУДБАЛ, КАЖА СЕЛЕКТОРОТ АНГЕЛОВСКИ ПО ПОРАЗОТ ОД ШПАНИЈАНа четири кола до крајот од квалификациите, Македонија остана на една победа. - Селекторот Игор Ангеловски (Фото: Ѓ. Личовски)

    Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шпанија со 2:1 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во Русија, откако одигра катастрофално прво полувреме на „Филип Втори“ во кое и ги прими двата гола.

    Давид Силва и Диего Коста постигнаа по еден гол за гостинскиот тим, кој не се ни испоти во првите 45 минути, а македонскиот селектор Игор Ангеловски вели дека е нервозен кога неговите фудбалери се плашат да играат фудбал. Во вториот дел, „црвено-жолтите“ се покажаа во подобро издание и Стефан Ристовски ја намали предноста со голот во 66. минута.

    „Честитки за Шпанија. Не може да се биде задоволен кога ќе загубиш натпревар. Во првото полувреме игравме со премногу респект за противникот и ме нервира кога моите фудбалери се плашат да играат фудбал. Сакам да играме храбро против која било селекција, па и Шпанија, кажа Ангеловски на прес-конференцијата по мечот.

    По шест кола, Македонија е претпоследна во групата со 3 бода. Шпанија и Италија имаат по 16 бода, Албанија и Израел по 9 и Лихтенштајн е последен без бодови.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира