НОВАЌ ЃОКОВИЌ ПОБЕДИ НА РОЛАН ГАРОС

    НОВАЌ ЃОКОВИЌ ПОБЕДИ НА РОЛАН ГАРОСЗа Ѓоковиќ ова е рекордна 23. Грен слем титула во машка конкуренција, со што го престигна Рафаел Надал. (Фото: Гети)

    Новак Ѓоковиќ го победи Каспер Руд со 7-6 (7-1) 6-3 7-5 и ја освои титулата на Рола Гарос, Отвореното првенство на Франција. За Ѓоковиќ ова е рекордна 23. Грен слем титула во машка конкуренција, со што го престигна Рафаел Надал.

    Надал, кој има 22 грен слем титули, му честиташе на Твитер и рече: „Многу честитки за ова неверојатно достигнување. 23 е бројка за која само неколку години беше невозможно да се размислува, а ти успеа. Уживај во тоа со семејството и тимот!”

    Победата, исто така, покажува дека Ѓоковиќ се враќа како број еден во светскиот пласман.

    Со оваа победа Ѓоковиќ стана првиот човек кој ги освоил сите четири главни тирнири најмалку три пати. Ова е 94 победа на Новак Ѓоковиќ на турнирот на ниво на АТП, израмнувајќи се со Иван Лендл на третото место со најмногу победи. Американецот Џими Конорс го држи рекордот со 109 победи.

    Вчера, трофејот на Ролан Гарос во женска конкуренција го освои Ига Свјатек, која ја победи Каролина Мучова со 6-2, 6-7, 6-4.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира