Општина Чаир денеска во 18 часот на плоштадот Скендербег ќе организира пречек за Бесир Алили, по освоеното злато на европското првенство во борење за кадети.
„Со боречкиот клуб ‘Лирија’ остваривме координативен состанок за организирање на свечен пречек на европскиот шампион во борење за кадети Бесир Алили“, велат од Општина Чаир.
Алили стана европски шампион во борење во категоријата слободен стил до 48 килограми, откако во финалето победи со 7-6 против Харутјун Хованисјан од Ерменија.
Ова е прв затен медал за Македонија на Европско кадетско првенство. Алили медалот го освои во драматична борба откако губеше со 0-5, за на крај да направи пресврт со 7-6.