ОПШТИНА ЧАИР ВО 18 ЧАСОТ ЌЕ ОРГАНИЗИРА ПРЕЧЕК ЗА КАДЕТСКИОТ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН ВО БОРЕЊЕ БЕСИР АЛИЛИ НА ПЛОШТАД СКЕНДЕРБЕГ

    ОПШТИНА ЧАИР ВО 18 ЧАСОТ ЌЕ ОРГАНИЗИРА ПРЕЧЕК ЗА КАДЕТСКИОТ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН ВО БОРЕЊЕ БЕСИР АЛИЛИ НА ПЛОШТАД СКЕНДЕРБЕГАлили стана европски шампион во борење во категоријата слободен стил до 48 килограми.

    Општина Чаир денеска во 18 часот на плоштадот Скендербег ќе организира пречек за Бесир Алили, по освоеното злато на европското првенство во борење за кадети.

    „Со боречкиот клуб ‘Лирија’ остваривме координативен состанок за организирање на свечен пречек на европскиот шампион во борење за кадети Бесир Алили“, велат од Општина Чаир.

    Алили стана европски шампион во борење во категоријата слободен стил до 48 килограми, откако во финалето победи со 7-6 против Харутјун Хованисјан од Ерменија.

    Ова е прв затен медал за Македонија на Европско кадетско првенство. Алили медалот го освои во драматична борба откако губеше со 0-5, за на крај да направи пресврт со 7-6.

     

     

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари