ПАК ЈА НАПРАВИВМЕ МАКЕДОНИЈА ГОЛЕМА, ВЕЛИ ПОРАНЕШНИОТ ИТАЛИЈАНСКИ СЕЛЕКТОР САКИ

    ПАК ЈА НАПРАВИВМЕ МАКЕДОНИЈА ГОЛЕМА, ВЕЛИ ПОРАНЕШНИОТ ИТАЛИЈАНСКИ СЕЛЕКТОР САКИЗа синоќешниот натпревар, Саки вели дека е разочаран, но не и изненаден што Италија не успеа да победи. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Македонската фудбалска репрезентација пак ги наруши сметките на актуелниот европски шампион Италија, откако синоќа одигра 1:1 во квалификацискиот натпревар за Европското првенство. Дополнително, „црвено-жолтите“ му го расипаа дебито на новиот италијански селектор Лучано Спалети, од кого се очекуваше сигурна победа против Македонија.

    Натпреварот во Скопје за италијанските медиуми го анализираше поранешниот италијански селектор Ариго Саки, кој вели дека е неприфатливо што уште еднаш Италија ја направи Македонија голема, но смета дека новиот селектор не е виновен.

    „Спалети не е виновен за ова реми. Но, реалноста е дека Италија, уште еднаш, успеа да ја направи Македонија голема. Ова не е прифатливо“, кажа поранешниот италијански селектор Ариго Саки.

    Минатата година во март, Македонија ја победи Италија со 1:0 во Палермо во плејофот за пласман на Светското првенство во Катар.

    Македонија е четврта на табелата во групата Ц со 4 бода од исто толку натпревари. Англија е прва со 13 бода од 5 меча, пред Украина со 7 од 4 натпревари и Италија со 4 од три меча. Последна е Малта без бодови.

    За синоќешниот натпревар, Саки вели дека е разочаран, но не и изненаден што Италија не успеа да победи.

    „Лучано е одличен тренер, но не е волшебник. Не можете да барате чуда од него. Очигледно дека тимот не е на висина на задачата. Но, тој веројатно уште не ги познава доволно сите играчи. Ќе биде потребно да избере стабилни играчи да создаде колектив како што направи во Наполи“, вели Саки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира