ПЛИВАЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ВЕЌЕ СО ГОДИНИ РАБОТИ НЕЗАКОНСКИ, ВЕЛАТ ИНИЦИЈАТОРИТЕ ЗА ПРОМЕНИ

    ПЛИВАЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ВЕЌЕ СО ГОДИНИ РАБОТИ НЕЗАКОНСКИ, ВЕЛАТ ИНИЦИЈАТОРИТЕ ЗА ПРОМЕНИПливачката федерација седум-осум години нема одржано собрание, а сметката и е блокирана од поодамна, порача Иницијативниот одбор за промени (Фото: МИА)

    Иницијативниот одбор за промени во Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) одржа прес-конференција, на којашто укажа на катастрофалната ситуација што последниве години владее во оваа организација. Тие очекуваат и Агенцијата за млади и спорт во најскоро можно време да се вклучи во средувањето на состојбите во Федерацијата.

    Пливачката федерација седум-осум години нема одржано собрание, а сметката е блокирана од поодамна. Како резултат на таквото работење, пливачкиот спорт е уназаден, работата на тренерите е девалвирана, а угледот на Федерацијата во меѓународните институции е паднат на многу ниско ниво“, истакна пливачкиот тренер Марјан Соколовски.

    Од иницијативниот одбор велат дека имаат поддршка од голем број пливачи, тренери, спортски работници, но и од родители на самите пливачи.

    Не е важно во колкав број сме, правдата е на наша страна. ПФМ нема своја адреса, ниту свои тела. Девет години нема завршна сметка, ниту се води сметка за настапите на пливачите на меѓународните натпреварувања. ПФМ веќе не може да продолжи да функционира на ваков начин“, смета Александар Маленко.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира