Осум години откако за првпат се искачи на врвот на ВТА-листата, Каролине Возњацки, конечно, се закити со гренд слем титула.
Дваесет и седумгодишната данска тенисерка по голема борба и неброено многу пресврти ја совлада првата носителка Симона Халеп со 7:6, 3:6, 6:4 во финалето на Отвореното првенство на Австралија и од понеделник повторно ќе биде светски рекет број еден.
За двете тенисерки ова беше трет обид да ја освојат својата прва гренд слем титула, откако Возњацки двапати губеше во финалето на Ју-Ес опен, а Халеп имаше два пораза во финалето на Ролан Гарос.
За триумфот во Мелбурн, Возњацки ќе заработи 3,2 милиони долари, а Романката двојно помалку.