ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АНГЛИСКИ ГОЛМАН ГОРДОН БЕНКС

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АНГЛИСКИ ГОЛМАН ГОРДОН БЕНКСГордон Бенкс беше клучна фигура во триумфот на Англија на Светското првенство во 1966 година (Фото: ПА)

    Еден од најголемите фудбалски голмани на сите времиња Гордон Бенкс почина на 81 година.

    Бенкс беше една од клучните фигури во единствениот триумф на Англија на светските првенства, во 1966 година на домашен терен, а неговата кариера го обележа и моментот од наредниот Мундијал во Мексико, кога на неверојатен начин му одбрани удар на Пеле. Оваа негова парада многумина ја сметаат за најдобрата голманска одбрана на 20. век.

    Роден во Шефилд, Бенкс го освои Лига купот со Стоук и Лестер, пред да се пензионира во 1973 година, откако загуби око во сообраќајна несреќа. За репрезентацијата на Англија настапи 73 пати, при што ФИФА шест пати го прогласуваше за најдобар голман, во ерата што ја делеше со Лев Јашин и Дино Ѕоф.

    Тој ги одигра сите натпревари на патот до финалето на СП во 1966, кадешто Англија ја совлада Западна Германија со 4:2 по продолженија и еден од најконтроверзните голови на сите времиња.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира