ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ КОШАРКАРСКИ ТРЕНЕР МИРКО НОВОСЕЛ

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ КОШАРКАРСКИ ТРЕНЕР МИРКО НОВОСЕЛНовосел оствари големи успеси со Цибона и Југославија (Фото: Кропикс)

    Мирко Новосел, еден од најтрофејните европски кошаркарски тренери, почина на 85 години. Новосел беше творец на легендарната генерација на Цибона од 1980-ите и беше примен во кошаркарската Куќа на славните.

    Како играч, Новосел помина 14 години во Локомотива од Загреб, по што ја почна тренерската кариера, која го направи едно од најзначајните имиња во овој спорт.

    Со Цибона трипати беше првак на Југославија и двапати го освои Купот на европските шампиони и овие успеси беа остварени откако во клубот прво го доведе Крешимир Ќосиќ, а потоа и Дражен Петровиќ.

    Репрезентацијата на Југославија ја одведе до сребрен медал на Олимписките игри 1976 во Монтреал и до бронза на ОИ 1984 во Лос Анџелес. Со Југославија беше и двократен европски првак и светски вицешампион, а со успеси продолжи и на клупата на Хрватска, со која беше трет на Европското првенство во 1993.

    Во 2007 стана член на кошаркарската Куќа на славните во Спрингфилд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира