Лефтер Бошковски, еден од омилените македонски ракометни тренери, работници и педагози, почина на 81 година. Бошковски целиот живот го посвети на ракометот, почнувајќи од Романија, каде што дошол од Грција како дете-бегалец.
Водеше бројни екипи во Македонија, како во женскиот, така и во машкиот ракомет, меѓу кои се истакнуваат Вардар, Кометал Ѓорче Петров и Работнички и со децении го пренесуваше своето огромно искуство и знаење на младите категории.
На Светското првенство 1999 во Данска и Норвешка, Бошковски официјално се водеше како селектор на женската ракометна репрезентација, иако остана во сенката на Јошко Петковиќ, кој беше „наметнат“ од Кометал ЃП. Ракометарките тогаш единствен пат дојдоа на чекор до пласман на Олимпијадата.
Беше основач на клубот Олимпик, каде што првенствено се калеа млади ракометарки, а во последните години беше дел од ракометните академии на Стевче Алушовски и Кире Лазаров.