ПОЧИНА ЛЕОНИД ЕВТУШЕНКО, ТРЕНЕРОТ СО КОГО КОМЕТАЛ ГО ОСВОИ ЕВРОПСКИОТ СУПЕРКУП

    ПОЧИНА ЛЕОНИД ЕВТУШЕНКО, ТРЕНЕРОТ СО КОГО КОМЕТАЛ ГО ОСВОИ ЕВРОПСКИОТ СУПЕРКУПСо Евтушенко се врзуваат и најголемите успеси на женската репрезентација на Украина

    Легендарниот украински ракометен тренер Леонид Евтушенко почина на 77 години. Во својата богата кариера, тој го водеше и Кометал Ѓорче Петров, со кој славеше во европскиот Суперкуп во 2002.

    Евтушенко всушност многу кратко се задржа во Скопје. Откако на клупата го наследи Александар Панов набргу по освојувањето на Лигата на шампионите, и самиот тој неочекувано беше сменет веднаш по триумфот во Суперкупот, што се играше во Скопје.

    Со неговото име се врзуваат и најголемите успеси на женската репрезентација на Украина, меѓу кои се истакнува пласманот во финалето на Европското првенство во 2000, во кое беше поразена од Унгарија. Претходно, јуниорките на Украина станаа европски првенки под водство на Евтушенко.

    Тој беше селектор и на младата женска репрезентација на СССР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира