Легендарниот тениски тренер Ник Болетиери, во чија академија во Флорида се обучуваа некои од најдобрите тенисери на сите времиња, почина на 91 година.
Син на италијански имигранти, Болетиери почнал да работи како тениски тренер во 1956 година. По неколку години работа на Порторико, во 1978 ја отворил својата сопствена тениска академија во Брејдентон, Флорида, која стана најпрестижното тениско школо на светот.
Првиот ученик на Болетиери кој стигнал до првото место на АТП-листата беше Џим Куриер, а меѓу тенисерките, Моника Селеш. Меѓу играчите кои поминале низ неговата академија се и Андре Агаси, Марсело Риос, Мери Пирс, Ана Курникова, Марија Шарапова, Јелена Јанковиќ, Мартина Хингис, Венус и Серена Вилијамс, Томи Хас, Кеи Нишикори и многу други.
Покрај работата во својата база на 162.000 квадратни метри, Болетиери повремено и патуваше како тениски тренер, при што е најпозната неговата двегодишна соработка со Борис Бекер.