ПОЧИНА ПРОСЛАВЕНИОТ КОШАРКАРСКИ ТРЕНЕР ЈАНКО ЛУКОВСКИ

    ПОЧИНА ПРОСЛАВЕНИОТ КОШАРКАРСКИ ТРЕНЕР ЈАНКО ЛУКОВСКИНајголемите тренерски успеси на Луковски се врзуваат за Работнички (Фото: Фејсбук)

    Јанко Луковски, легендарно име на македонската кошарка, почина на 77 години во Нови Сад, каде што живееше во последните две децении, објави Кошаркарската федерација на Северна Македонија.

    Луковски ја помина играчката кариера во Работнички и МЗТ Скопје, а потоа како тренер водеше низа клубови од Македонија и Србија, почнувајќи од велешки Борец во 1980.

    Неговите најголеми тренерски успеси се врзуваат за Работнички, кој го донесе во првата југословенска лига и во финалето на националниот куп во 1983, каде што изгуби од Цибона. По ангажманите во Спартак Суботица и Бачка Топола, во 1991 се врати во Работнички, кој таа сезона заврши на третото место во лигата и повторно беше финалист на купот.

    Во следните години беше тренер на неколку клубови од Србија и помина една сезона во МЗТ, а од 2003 работеше во својата школа за кошарка во Нови Сад.

    Неговиот син Драган избра да настапува за селекцијата на Србија и Црна Гора, со која освои бронза на ЕП 1999.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира