ПОЧИНА СЛАВНИОТ ГЕРМАНСКИ ФУДБАЛЕР АНДРЕАС БРЕМЕ

    ПОЧИНА СЛАВНИОТ ГЕРМАНСКИ ФУДБАЛЕР АНДРЕАС БРЕМЕБреме го реализираше пеналот во финалниот меч против Аргентина на СП во Италија, со кој Германија ја освои третата мундијалска титула (Фото: Гети)

    Легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме, кој го постигна единствениот гол во финалето на Светското првенство во 1990, почина на 63 години. Неговата партнерка Сузан Шефер изјави дека Бреме починал ненадејно и неочекувано, ноќеска од срцев удар.

    Бреме играше за Кајзерслаутерн, Баерн, Интер и Сарагоса, додека во дресот на германската репрезентација забележа 86 настапи и даде осум гола. Токму тој го реализираше пеналот во 85. минута во финалниот меч против Аргентина на Светското првенство во Италија, со кој Германија ја освои третата мундијалска титула. Четири години порано беше дел од поразениот тим на Германија во финалето на СП во Мексико.

    „Тој го носеше дресот на ‘црвените ѓаволи‘ десет години и стана германски првак и освојувач на купот со Кајзерслаутерн. Во 1990 ѝ донесе светска титула на Германија со својот пенал и стана фудбалска легенда“, соопшти Кајзерслаутерн.

    Тој играше за овој клуб од 1981 до 1986 и повторно од 1993 до 1998, кога и ја заврши кариерата. Во меѓувреме беше германски шампион и со Баерн и ја освои Серија А со Интер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира