ПОЧИНА ТОТО СКИЛАЧИ, ХЕРОЈОТ НА ИТАЛИЈА НА МУНДИЈАЛОТ ВО 1990

    ПОЧИНА ТОТО СКИЛАЧИ, ХЕРОЈОТ НА ИТАЛИЈА НА МУНДИЈАЛОТ ВО 1990

    Салваторе Тото Скилачи, прославениот италијански фудбалер кој беше најдобриот стрелец на Светското првенство во 1990, почина на 59 години. Скилачи постигна шест гола на Мундијалот во Италија и на крајот ја освои Златната копачка.

    Иако Италија изгуби во полуфиналето, на Скилачи сепак му беше доделена и Златна топка за најдобар играч на СП.

    Скилачи почина во болница во Палермо, две години откако му беше дијагностициран рак на дебело црево.

    Скилачи одигра 16 натпревари за италијанската репрезентација и постигна вкупно седум гола. На клупско ниво, кариерата ја почна во Месина, а потоа играше за гигантите Интер и Јувентус, но таму не ги исполни големите очекувања. Се повлече во 1999 по три години играње во Јапонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира