ПРЕКИНАТИ СИТЕ ФУДБАЛСКИ ЛИГИ ВО ТУРЦИЈА ОТКАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КЛУБ УДРИ СУДИЈА

    ПРЕКИНАТИ СИТЕ ФУДБАЛСКИ ЛИГИ ВО ТУРЦИЈА ОТКАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КЛУБ УДРИ СУДИЈАНападот на судијата Мелер го осуди и турскиот претседател Ердоган (Фото: Гети)

    Сите фудбалски лиги во Турција се прекинати на неодредено време откако судија беше удрен од претседател на клуб на терен. Првиот човек на прволигашот Анкарагуџу, Фарух Коча, се стрча на теренот откако Ризеспор израмни на 1:1 во 97. минута и му удри бокс на судијата Халил Умут Мелер.

    Натпреварите во сите лиги се суспендирани на неодредено време. Овој напад е срам за турскиот фудбал“, изјави претседателот на Турската фудбалска федерација Мемет Бујукекши.

    Мелер примил уште неколку удари од други лица додека лежел на тревата, заработувајќи повреди, меѓу кои и мала скршеница. Инцидентот доведе до хаотични сцени на теренот, во кои беа вклучени и играчите и клупските претставници.

    Коча беше примен во болница, но по лекувањето ќе бидат спроведени процедури за негово притворање“, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, додавајќи дека веќе се уапсени неколку лица.

    Мелер е еден од најдобрите турски судии и води и мечеви во организација на УЕФА и ФИФА. Нападот го осуди и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира