ПРИВРЗАНИЦИТЕ НА ТРАМП СО КОНТРАБОЈКОТ ЗА „БАДВАЈЗЕР“ ПО РЕКЛАМАТА ЗА СУПЕР БОУЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Њујорк,(разниизвори)

    ПРИВРЗАНИЦИТЕ НА ТРАМП СО КОНТРАБОЈКОТ ЗА „БАДВАЈЗЕР“ ПО РЕКЛАМАТА ЗА СУПЕР БОУЛ

    Приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп ветуваат дека веќе нема да го пијат пивото „Бадвајзер“, откако производителот „Анхојзер-Буш“ ја објави рекламата за Супер Боул во која се раскажува имигрантската приказна на еден од коосновачите на компанијата. Американската јавност е длабоко поделена околу прашањето на имиграцијата по извршната наредба на Трамп со која беше забранет влез во САД на луѓе од седум земји со мнозинско муслиманско население и вчера на социјалните мрежи почна кампања на бојкотирање на „Бадвајзер“.

    Поддржувачите на Трамп се убедени дека рекламата е напад на антиимигрантската политика на претседателот, иако од компанијата тврдат дека идејата за рекламата ја развивале повеќе од една година.

    Претходно, еден од најголемите синџири стоковни куќи во САД „Нордстром“ соопшти дека веќе нема да ја продава колекцијата облека дизајнирана од Иванка Трамп. Одлуката на „Нордстром“ следи по граѓанската кампања наречена „Фати се за паричникот“, која повика да се бојкотираат стоковните куќи и продавниците што продаваат производи на Иванка Трамп или на Доналд Трамп.

    Со бојкот и откажување нарачки се соочуваат и автомобилската компанија „Тесла моторс“, зашто основачот и директор Илон Маск е член во економскиот совет на Трамп и такси превозната компанија „Убер“, чиј директор Тревис Каланик си даде оставка од членството во економскиот совет на Трамп.

    МАСОВЕН БОЈКОТ НА ПРОИЗВОДИТЕ НА ИВАНКА ТРАМП, И НА „УБЕР“ И „ТЕСЛА“

    „Бадвајзер“ ја објави рекламата, која ќе биде прикажана за време на преносот на Супер Боул, еден ден откако Трамп ја потпиша контроверзната наредба. Во реклмата, која трае 60 секунди, дејствието се одвива во 18. век, кога Германецот Адолфус Буш пристигнал во САД и тој се соочува со луѓе кои му велат: „Не те сакаме тука, врати се дома!“. Откако ќе се смести во Сент Луис, Адолфус се запознава со Еберхард Анхојзер и заедно ја основаат „Анхојзер-Буш“, компанијата која го произведува „Бадвајзер“.

    Супер Боул натпреварот, кој се игра вечерва по полноќ по македонско време, ќе го даде новиот шампион во НФЛ лигата, а играат Њу Ингланд пејтриотс и Атланта фалконс. Супер Боул е најгледаниот спортски настан во САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира