ПРОСЛАВАТА НА ПРВИОТ ТРИУМФ НА ФИЛАДЕЛФИЈА НА СУПЕРБОУЛОТ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ВАНДАЛИЗАМ

    ПРОСЛАВАТА НА ПРВИОТ ТРИУМФ НА ФИЛАДЕЛФИЈА НА СУПЕРБОУЛОТ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ВАНДАЛИЗАМИ старо и младо излезе на улиците на Филаделфија за да го прослави првиот триумф на Иглс (Фото: Гети)

    Историската ноќ во Филаделфија излезе од контрола, откако прославувањето на првиот триумф на Иглс во Супербоулот се претвори во вандализам и грабежи.

    По 58 години чекање, фудбалерите на Филаделфија иглс станаа шампиони на НФЛ, откако во големото финале во Минеаполис го изненадија фаворизираниот Њу Ингленд петриотс со 41:33, оставајќи го легендарниот Том Брејди без уште една титула.

    И полицијата имаше доста работа во бурната ноќ во Филаделфија (Фото: Твитер)

    Веднаш по завршувањето на натпреварот, 1.500 километри подалеку почнаа до тогаш невидени изливи на емоции. И покрај студеното време, и старо и младо излезе на улиците на градот, а централната прослава се одвиваше на улицата Броуд.

    „Градот го заслужи ова. Ние сме голем град, но сега го имаме и Супербоулот со нас“, кажа 66-годишниот Лу Потел, во чие семејство со генерации се навива за Иглс.

    Сепак, и полицијата соопшти дека имала многу работа во една од најбурните ноќи во историјата на градот.

    Аџена Амир, портпаролката на градоначалникот, изјави дека во градот имало неколку чинови на вандализам во рани утрински часови.

    „Искршени се прозорци на неколку згради. Полицијата прими повик за грабеж на барем една бензинска пумпа. Фановите урнаа и неколку светлосни столба, при што се повредени неколку лица“, кажа Амир.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира